събота, 25 декември 2010 г.

30-дневен притвор за 16 осомничени

30-дневен притвор за 16 осомничени

Мери Јордановска 

24.12.2010 23:57
 
 
Десетина комбиња и силно полициско обезбедување се уште се пред Кривичниот суд, осомничените се во комбињата и чекаат да бидат спроведени во затворот во Шутка.
16 осомничени досега добија 30-дневен притвор во Шутка. Станува збор за сопственикот на А1 Телевизија, Велија Рамковски, директорката на А1 Телевизија, Анета Кочишки, постарата ќерка на Рамковски, како и неговиот брат, поранешниот директор на Телевизијата и многу други вработени во фирмите на „Перо Наков“.
Распитот во судот траеше десет часа но, вкупно судската полициска постапка траеше точно 24 часа.
Адвокатите се уште немаат излезено официјално да го соопштат решението на судот. Се полнат комбињата со осомничените, вкупно се 23, од кои 16 ќе завршат во Шутка, додека останатите не и се достапни на полицијата.
Оваа одлука на судот, адвокатите ја сметаат за скандалозна, бидејќи е донесена без конкретни вештачења, без факти и без докази.
Пред судот се собрани роднини и пријатели на сите осомничени лица, сите се разочарани од оваа одлука на истражниот судија.